Димитар Ковачевски и цело СДСМ со месеци лаже дека се можни уставни измени и дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило промена на Устав. Ковачевски тврдеше дека претседателот Христијан Мицкоски се согласил на уставни измени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Потенцираат дека цело СДСМ синхронизирано и како расипана грамофонска плоча повторуваа уставни измени.
– Вчера целата македонска јавност виде дека Ковачевски и СДСМ не само што немаат мнозинство од 80 пратеника, туку едвај имаат 70, истакнуваат тие.
Додаваат дека вистината излезе на виделина. СДСМ губи пратеници.
– Сите лаги на власта се распрснаа. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ кој го кажа претседателот Мицкоски уште на 16.07.2022 година е ист. Промена на Устав нема да помине, стои во соопштението.