Знаме на Голема Албанија се вееше во Тетово за дочек на Курти

од Вести365.МК Ј.Р.

Минатата вечер на плоштадот во Тетово по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти, градоначалникот Билал Касами организираше голема манифестација. Тој објави фотографии од манифестацијата каде се гледа дека во Тетово се веело знаме со картата на голема Албанија. На собирот се вееја и голем број на албански знамиња

Настанот го организираше Општина Тетово а покрај Касами и Курти во првите редови на собирот присуствуваа основачот на новата политичка партија на Албанците во Македонија Меџити како и претседателот на Алтернатива Африм Гаши.

Сите фотографии се објавени на Фејсбук страницата на Касами.

Слични објави