Босанец си ги убил жената и бебето во живо на Инстрагам

од Вести365.МК Ј.Р.

Maж од Босна и Херцеговина денеска објави видео со исклучително вознемирувачка содржина на социјалната мрежа Инстаграм, порачувајќи им на гледачите дека во живо ќе видат убиство.

Нермин Сулејмановиќ денеска во Градачац, Босна и Херцеговина уби три лица, меѓу кои сопругата и едно бебе. Сето ова го пренесуваше во живо на Инстаграм, пишува Дневни аваз..

На видеото потоа се гледа како зема пиштол и испукува куршум во челото на женско лице. Исто така, на видеото може да се слушне плачот на дете кое било во непосредна близина.

Видеото е крајно шокантно, насекаде може да се види крв, а тој го снимил моментот во кој со пиштол ја убива сопругата.

– Овде во живо можете да видите како изгледа убиство – рекол полудениот убиец.

Бидејќи видеото е многу вознемирувачко, Инстаграм го избриша од својата платформа.

Полицијата во моментов трага по убиецот обидувајќи се да ги утврди причините за ова свирепо убиство.. Убиецот спорд досеашните сознанија бил член на една позната нарко банда

Слични објави