Трагедија на Родос: 24-годишна девојка починала додека го славела роденденот со пријателите

од Вести365.МК Ј.Р.

24-годишна девојка која го славела роденденот со своите пријатели, колабирала и починала по кратко време на грчкиот остров Родос.

Девојката со својата група отишла во хотел на островот, каде би го прославила роденденот, пишуваат грчките медиуми.

24-годишната девојка во одреден момент се забавувала и бидејќи знаела клавир, почнала да свири, но потоа почувствувала непријатност и колабирала. Пријателите и хотелскиот персонал веднаш ја известиле полицијата.

Слични објави