Денеска нема пеколни жештини, ама очекувајте пороен дожд, носете си чадор

Од УХМР информираат дека времето денеска ќе биде малку до умерено облачно. Околу пладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 8.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Слични објави