Груби: Аудито не е мое

Првиот вицепремиер Артан Груби во вестите на Канал 5 го објасни инцидентот со запаленото Ауди, кое тој го користел.

Груби вели дека има тенденциозни индиции за тоа кој би стоел зад инцидентот, како од опозицијата , одредени медиуми кои тенденциозно известуваат. Исто се случуваше и со моите деца кои одат во јавни училишта, кои се на подложени на секојдневен притисок.

Истрагата ќе ја оставам на полицијата, се надевам дека набргу ќе се пронајде и тој што го напрачал и тој што го извршил палењето на возилото. Се надевам дека според она како работат институциите, презедоа огромна операција , имаат добра координација тактика што набргу ќе се реши.

На прашањето дали станува збор за пресметка со поранешни сопартијци или криминална пресметка, тој вели дека има индиции.

Во коментар на сомнежите за прикриен имот, Груби ги повика институциите да истражат каква било претпоставка за такво нешто.

-Апсолутно Аудито не е мое возило, ниту формално, ниту неформално, по никој основ, ниту сум платил некому за тоа возило, сум користел други возила за приватни цели. Минатата недела имав мала хируршка интервенција, тогаш го користев и го немав користено 10-ина дена. Лажни се снимките во јавноста за да се шират лажни вести, рече Груби.

Тој рече дека веќе не се движи сам и користи обебзедување, за разлика од порано, бидејќи, како што потенцираше, насилната вербална агресија станува физичка агресија.

Слични објави