Опозициските партии во албанскиот блок тргнуваат во обид за окрупнување. Гаши, Касами и Меџити денеска на заедничка маса ќе ги стават заедничките цели и ќе ги разгледуваат можностите за соработка, а ваквата информација за Телма ја потврди лидерот на Алтернатива.
Тој рече дека се уште не се договорени местото и терминот но нагласи дека средба денеска ќе има. Веќе неколку месеци на маса е ставена точката за окрупнување на албанскиот опозициски блок.
Целта е обединување против ДУИ оти сметаат дека тамошните функционери се грижат само за нив, но не и за граѓаните. Лидерот на огнените, Меџити пак со став Ахмети ја плаќа цената на Груби.
Тој додава дека лидерот на ДУИ веќе не ја менаџира ситуацијата, а според изразот и вокабуларот, Меџити вели Ахмети е исплашен и повеќе не е комотен.