Кулеба верува дека Украина ќе добие борбени авиони

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба денеска изјави дека руското раководство треба да се плаши од украинскиот војник, а не од авионите Ф-16 кои ќе бидат испорачани според планираното.

„Единствената закана за Русија е украинскиот војник. Од тоа најмногу треба да се плашат Путин и неговиот тим. Украина ќе добие Ф-16 според планираното. Русија мора да го прифати тоа и покрај изјавите на Лавров“, напиша Кулеба на Твитер.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска предупреди дека Москва ќе ја смета испораката на борбени авиони Ф-16 на Украина за „нуклеарна закана“.

Слични објави