Драма во САД: 8 луѓе меѓу кои и деца четири часа виселе наопаку од ролеркостер, ги извлекуваа пожарникари

од Вести365.МК Ј.Р.

Осум лица виселе наопаку од ролеркостер со часови откако се случил механички дефект во возењето, пишува NY Post.

Инцидентот се случил на фестивалот Форест Каунти во Крандон, во американската сојузна држава Висконсин.

Се што знаеме е дека тоа беше механички проблем. Возот неодамна беше прегледан. Немаме други информации – рекоа од локалната противпожарна единица.

Локалните власти подоцна објавија дека меѓу осумте „заглавени“ има дури седум деца и дека откако пожарникарите ги извлекле од возот на смртта, тие биле пренесени во болница за да се процени нивната состојба…

-Девојче кое било заглавено горе им кажа на пожарникарите прво да го спасат постариот господин кој не се чувствувал добро – рекол еден од очевидците.

Ова е еден од моите најголеми стравови. Еве зошто никогаш не одам на овие возења – е еден од најпопуларните коментари под објавата е…

Слични објави