Путин: Ова е еднакво на вооружен бунт, предавство

Рускиот претседател Владимир Путин и се обрати на јавноста и откако беа подигнати безбедносни мерки низ целата земја откако војниците на групата „Вагнер“ под контрола на Евгениј Пригожин влегоа во Ростов на Дон, по неговото обвинување дека руската армија го уништува неговите борци.

„Ова е еднакво на вооружен бунт, Русија ќе се брани“, рече на почетокот Путин, додавајќи дека Русија се бори за животот и безбедноста на граѓаните на Федерацијата.

„Ова е обид да не нападнат одвнатре, ова е предавство“, рече Путин.

Тој рече дека контрамерките ќе бидат многу тешки.

„Ситуацијата околу Ростов е многу комплицирана. Ние правиме се за да го одбиеме овој напад. Ова е нож во грб за нас. Тие што се побунија ја предадоа Русија и ги повикувам сите вклучени во таа акција да престанат со секое учество во вооружен конфликт“, рече претседателот на Русија.

Путин рече дека е издадена наредба да се неутрализираат сите кои го организирале овој бунт.

„Ќе се спротивставиме на искушенијата и предизвиците. Ќе бидеме посилни од порано“, рече претседателот на Русија.

Путин рече дека оние кои ја делат Русија и нејзините граѓани неизбежно ќе бидат казнети.

Тој додаде дека во Москва и во неколку соседни региони се во сила антитерористички мерки.

Тој претходно посочи дека „таков конфликт мора да биде отфрлен за време на специјална воена операција“.

Путин рече дека Русија води тешка битка за иднината и дека целата „воена и информатичка технологија на Западот е против Русија“.

Слични објави