Брнабиќ: Посетата на Пленковиќ е позитивен импулс за во иднина

од Вести365.МК Ј.Р.

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска во Суботица по средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека Србија смета дека односите со Хрватска се многу важни и дека е искрено заинтересирана за развој на севкупните односи и подобрување на соработката.
„Оваа посета на премиерот Пленковиќ денес, како и мојата неодамнешна посета на Загреб, се многу важни и даваат позитивен импулс за формирање на значително подобри односи во иднина“, рече Брнабиќ во Суботица, на отворањето на хрватскиот дом „Матица“.

Таа оцени дека интензивирањето на средбите и посетите ќе биде многу важно за понатамошни дискусии и доближување на решавањето на отворените прашања меѓу двете земји.

Секое заладување на односите меѓу Србија и Хрватска, според неа, секогаш прво се чувствува кај припадниците на малцинските национални заедници, Србите во Хрватска и Хрватите во Србија.

Слични објави