Пожар во најголемиот забавен парк во Германија

од Вести365.МК Ј.Р.

Голем пожар избувна денеска во најголемиот забавен парк во Германија, Европа-парк, што доведе до евакуација на посетителите.

На видео објавено на социјалните мрежи се гледа црн чад од дел од забавниот парк.

Европа-парк е огромен забавен парк лоциран во градот Руст во покраината Баден-Виртемберг.

Причината за пожарот засега не е позната.

Паркот е отворен во 1975 година, а цената на билетот се движи меѓу 40 и 300 евра.

Слични објави