Јовановиќ: Владата треба да ги покачи платите

Инфлацијата може да падне, но цените никогаш нема да се вратат на цените пред една година., вели за Студио 10 Бранимир Јовановик.

– Цените се ригидни, тие само растат а не паѓаат. Се сеќаваме на времето на Југославија кога имавме хиперинфлација. Цените никогаш не се вратија, како што ни сега нема да се вратат. Она што е битно е да се заузда инфлацијата. Она што треба да го направи Владата е да ги покачи платите. Единствен начин да јадете како што сте јаделе како лани е да се покачат патите. Се покачија пензиите, минималните плати и социјалните давања, а и сопствените плати си ги покачија, но платите во приватниот сектор не се покачуваат тврдоглаво, вели Јовановиќ и додава дека е нужно да се овозможи трошење за да функционира економијата.

Јовановиќ вели дека кај нас се носат политики во интерес на политичарите и затоа сме каде што сме.

– Во Македонија политичарите немаат свесност за тоа што значи јавно добро. Тие не размислуваат што да се подобри, туку размислуваат како да имаат личен бенефит за себе и нивните блиски. За жал тоа не е само кај власта туку и кај оние во опозиција. Се гледа само да се наштети. Опозицијата секогаш се труди да ја саботира власта за да се влоши економската ситуација и да речат еве ги овие се неспобни не направија ништо и викаат еве бирајте не нас ние ке подобриме. Нема национални интереси во смисла на квалитет на живеење. Личното се става пред националното. Се додека тоа не го решиме, нема да се подобриме, додава Јовановиќ за „Студио 10“ на 24 телевизија.

Слични објави