Герила Акција на СУП Клуб Охрид под мотото – За Чист Охрид

Утринава Охрид се разбуди со стотици еко торби со QR-код поставени на различни локации низ градот.

Целта на оваа герила акција спроведена од страна на СУП Клуб Охрид е да се подигне свеста за намалување на пластиката за еднократна употреба на еден симболичен начин, а воедно и почеток на акцијата за чистење на отпад од плажите која ќе трае до 21 јуни.

Првиот ден од летото 21 јуни, кој е и прогласен за Ден на Охридско Езеро, ќе биде обележан со една голема Супер Чистка – акција која традиционално се одржува веќе шеста година по ред.

Изминатите години СУП Клуб Охрид организираше бројни волонтерски акции – “Супер Чистки” преку кои се нудеа бесплатни обуки и можносту учесници да добијат СУП или кајак со цел да се исчистат местата кои се достапни само по воден пат.

Со цел зголемување на ефектот, оваа година тие повторно повикуваат секој да си ја исчисти својата омилена плажа, а тие што ќе го направат тоа добиваат гратис возење со СУП или кајак.

СУП Клуб Охрид има една цел, а тоа е да нема повеќе пластика во езерото. За исполнување на оваа цел, клубот ги организира и спроведува овој тип на акции со што, меѓудругото се работи на градење на еколошки навики и развој на одржлив туризам. #ЗаЧистОхрид

Повеќе информации може да се најдат на следниот линк http://supohrid.com/

Слични објави