Пенкалото на Хитлер на аукција, сумата огромна, а му го дала Ева Браун

Пенкалото кое му го дала Ева Браун на Адолф Хитлер за неговиот 52-ри роденден ќе се најде на аукција во Белфаст во јуни. Се проценува дека пенкалото ќе чини помеѓу 50.000 и 80.000 фунти.

Пред околу дваесет години, истото пенкало, кое нацистичкиот лидер го добил на 20 април 1941 година, беше купено на аукција од колекционер. На него е изгравирано „Ева“ и иницијалите АХ“, како што пишува „Гардијан“.

На аукцијата на 6 јуни ќе има низа предмети поврзани со важни настани или познати личности во историјата, вклучително и потпишана фотографија на Хитлер и помилување од 1869 година од кралицата Викторија на ирските бунтовници осудени за предавство.

Карл Бенет, директор на аукциската куќа, рече дека очекуваат интерес од целиот свет.

„Важноста на врежаното лично пенкало на Хитлер лежи во фактот што помага да се открие скриениот дел од историјата и дава увид во приватните односи на Хитлер, кои тој ги криел од очите на јавноста“, коментира Бенет.

Слични објави