Почитувани граѓани,
Пред нашата земја и целиот наш народ е исправена одлука со која имаме шанса да го продолжиме европскиот пат, да ја обезбедиме европската иднина на земјата.Скрининг процесот успешно се спроведува и наскоро ќе заврши.
Успеавме македонскиот јазик да го заштитиме и да го обезбедиме на ниво на јазиците на земјите членки на Унијата. Bреме е за глас за Европа во македонското Собрание за продолжување на европскиот пат и остварување на уште една стратешка цел: членство во ЕУ!Со тоа и да ги затвориме сите идентитетски прашања еднаш-засекогаш. Изборот пред секоја политичка партија е интеграција или изолација. Проевропски блок за европска иднина или анти-европски блок за изолација. Христијан Мицкоски, наместо со денови да молчи треба да излезе пред јавноста и да каже што одлучил. Дали ќе се приклучи кон европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица во анти европскиот блок. На лидерска средба се оди со став. Пред Мицкоски е моментот на вистината. Затоа, го повикуваме да не врти од околку, да не менува ставови во секоја изјава, да си ги среди ставовите и да каже што одлучил:ЕУ или Левица?
Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста