Конзумирањето на темно чоколадо има многу придобивки за нашиот организам, а една од најважните е што учествува во превенцијата од срцеви заболувања.
Црното чоколадо има висок процент на какао, па на многумина од вас не им е омилен вкус, сепак, благодарение на неговите ефекти врз нашето тело и здравје, овој деликатес треба да се консумира повремено.
Со ова истражување се занимавале многубројни студии, а како што пишува Healthline, црното чоколадо е многу хранливо и содржи најголем дел од потребните минерали.
Покрај тоа, богато и со антиоксиданси, особено со полифеноли, кои можат да бидат многу добри во борбата против лошиот холестерол. Всушност, темното чоколадо има повеќе полифеноли и флаваноли од боровинките.
Благодарение на флаваноидите, артериите се опуштаат и на тој начин се намалува крвниот притисок, па ова е уште една придобивка од темното чоколадо.
Исто така, биоактивни материи се заслужни за добриот изглед на кожата и заштитата од сонце, а ако мислевте дека тука е крајот на добрите страни на темното чоколадо, се лажевте.
Темното чоколадо го стимулира мозокот, а се разбира за сето тоа не е потребно секојдневно консумирање на големи количини, рамнотежата е еден од најважните фактори на исхрана и здрав живот.