Германскиот министер Хабек добил плик со бела материја

Канцеларијата на германскиот министер за економија Роберт Хабек на северот на земјата добила плик во кој се наоѓала непозната бела материја, по што била алармирана полицијата, пренесе „Ројтерс“.

Вработените во канцеларијата во градот Флензбург, во близина на границата со Данска, во средата попладне го донеле пликот во полиција, која потоа повикала противпожарна бригада, соопшти локалното МВР.

Полициската акција траела два часа, а белата материја од објектот ја извадиле пожарникарите во заштитена кутија.

Слични објави