Град Скопје: Се уште се вештачи мостот, можеби ќе се пушти во употреба

Град Скопје со соопштение реагира дека во овој миг се правело вештачење на состојбата со мостот „Беласица“, за да се утврди дали воопшто имало структурно оштетување.

Затоа, мостот бил затворен како превентива а во наредните неколку денови ќе се донесела одлука дали ќе се врати во употреба веднаш или пак ќе имало каква било интервенција пред да се стави во употреба.

Апелираме до јавноста, медиумите и оние кои сакаат да се нарекуваат експерти да не предизвикуваат паника во јавноста со паушални изјави кои не се базирани на никакви информации, вештачења ниту пак истражувања, велат тие.

Во овој момент се работи вештачењето на состојбата со мостот „Беласица“ со цел утврдување дали воопшто има структурно оштетување.

Додаваат дека во моментот мостот е затворен како превентива.

– Се додека не добиеме уверување од релевантните институции дека е безбеден или дека треба да се интервенира. Несериозно е од декани, неименувани експерти како и неименувани „извори“ да се предизвикува паника кај граѓаните. Мостот „Беласица“ во овој момент се вештачи, а во наредните неколку денови ќе се донесе и одлука за тоа дали ќе се врати во употреба веднаш, или пак ќе има било каква интервенција пред да се стави во употреба, посочуваат од градот.

Со ова, сакаме да ги демантираме и дезинформациите и паушалните раскази на медиуми кои ја користат оваа ситуација за водење на политичка агенда која на ниту еден начин не помага на разрешување на ситуацијата, стои во соопштението.

Слични објави