Германската влада бара начин за наплата на воените репарации на Киев од Москва

Германската влада ги истражува механизмите за обезбедување воени репарации за руската агресија врз Украина, вклучително и можноста за користење на средствата на Москва за компензација на Киев, изјави денеска владиниот портпарол.

Канцеларот Олаф Шолц е меѓу европските лидери кои се согласија да формираат регистар за репарации за војната во Украина за време на состанокот во Рејкјавик оваа недела, јавува Ројтерс.

Слична изјава дадоа и францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Риши Сунак.

Во регистерот треба да се наведат сите штети во Украина предизвикани од Русија, а тоа треба да биде првиот чекор на патот кон евентуалната исплата на воените репарации.

Слични објави