Цивилен авион се урна во близина на база на НАТО во Германија, двајца загинати

Две лица загинаа откако мал цивилен авион „Лирџет“ се урнал во близина на базата на НАТО во близина на Рендсбург, Германија, објави денеска „Билд“.

Авионот бил изнајмен од германското воздухопловство, а двајцата пилоти загинале во, како што се вели, тренинг лет.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ја потврди веста за соборувањето на авионот.

Несреќата се случила по полетувањето, а авионот требало да полета за провинцијата Долна Саксонија.

На местото на несреќата излегле голем број пожарникари и полиција, а се уште не се познати околностите кои довеле до падот.

Слични објави