Десетгодишно дете од Аеродром напишало заканувачка порака на клупа па заврши во полиција

од Вести365.МК Ј.Р.

Десетгодишно дете од скопската населба Аеродром било повикано во полиција, каде со него е извршен разговор во присуство на родителите, поради тоа што напишало заканувачка порака на клупа, соопшти МВР.

„Денеска (12.05.2023) полициски службеници од ЕВР Аеродором и Драчево при СВР Скопје извршиле службен разговор со 10-годишен малолетник и со неговите родители, постапувајќи по пријава од основно училиште на територија на општина Аеродром дека детето на клупа напишало текст со заканувачка содржина“, велат од полицијата.

Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, додаваат од полицијата.

Слични објави