Видео: Каминито дел Реј (Caminito del Ray), најопасната пешачка патека!

Во магичната шпанска провинција Андалузија, на речиси 50 километри од Малага, се наоѓа Каминито дел Реј (Caminito del Ray), пешачка патека која го има заслужено добиено името најопасната на светот. Патеката се наоѓа во клисурата Десфиладеро де лос Гаитанес и ја поврзува малата брана Ел Гаитанехо со хидроелектраната Ел Чоро.

Каминито дел Реј, широка е само еден метар и се наоѓа на висина од 100 метри над земјата, и е окружена со импресивни карпи и прекрасен поглед на околниот пејзаж. Оваа пешачка патека не е за оние кои се плашат од висина, но затоа што го нуди прекрасниот поглед на природата, таа станала задолжителна андалузиска атракција која ја посетуваат авантуристи, излетници, како и оние желни за возбуда.

Многу луѓе загинале во текот на изградбата на патеката, која била мал сервисен пат. Но, станала дел од секојдневниот живот на локалното население, а години подоцна стекнала репутација на најопасната пешачка патека на светот. Неколку лица го загубиле животот по оваа патека, особено е познато дека само во 1999-та и 2000-та, животот го загубиле пет лица па Каминито дел Реј била затворена за посетители.

Сепак, во 2015-та година, е отворена повторно по големите поправки и реновирања. Сега, влезницата чини 10 евра, посета со водич 18 евра, задолжително сите посетители мора да носат заштитен шлем, а е забранет пристап за деца под 8 години. Патеката, која има вкупна должина од 7,7 километри (4,8 километри пешачка патека и 2,9 километри пешачки мост), е прекрасна и е историско шеталиште. Каминито дел Реј била отворена во во 1921-ва година од страна на кралот Алфонсо Тринаесетти, по изградбата на браната Ел Чоро. По него го носи името „кралски пат“.

Слични објави