Судскиот совет го наруши правото јавноста да биде информирана, смета АВМУ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) го осуди отстранувањето на присутните сниматели на вчерашната седница на Судскиот совет и посочи дека ваквиот непрофесионален однос кон медиумите придонесува не само за фрлање сенка врз транспарентноста на судството, туку и за нарушување на правото на јавноста да биде целосно информирана за работата на судските власти.

„Потсетуваме дека е особено важно на сите новинарски екипи да им се обезбеди непречен пристап за известување од настани кои се од јавен интерес, во насока на обезбедување транспарентност и отчетност на институциите“, се наведува во реакцијата на АВМУ

Слични објави