ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ е извор на скоро сите порази на државата

Ахмети треба да биде свесен дека набрзо големиот брат ќе стане многу мал  и заедно со неговиот подизведувач СДСМ ќе одат во опозиција. Затоа што 8 години печалат на грбот на народот со криминал и корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие потенцираат дека ДУИ живее од Албанците, а не за нив.

– Со некаква лажна борба, зад која се кријат лични интереси си ја штитат власта. Колку повеќе владее ДУИ и СДСМ во државата, толку помалку народ има во Македонија. Колку повеќе Артановци на сцената толку помалку е среќен народот во Македонија. 22 години ДУИ е извор на скоро сите порази на државата. 22 години ДУИ е дел од сите афери, од сите скандали, од сите патења на народот, истакнуваат од партијата.

Во соопштението се додава дека времето на крадење пари и крадење среќа завршува. За сите погрешни политики, за сите криминали одговорност ќе има.

– Време е за пензија и опозиција. А, тоа народот ќе го испорача на следните  избори, нагласија од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични објави