Составен од оброци кои не чинат многу, овој план на исхрана покажува дека е можно да се храните здраво и балансирано, дури и со ограничен буџет.
Српската нутриционистка Ивана Ѓуровиќ направи план на исхрана за седум дена во неделата, кој е погоден за дијабетичари.
Ова мени освен што се состои од разновидни оброци, поттикнува и употреба на интегрални намирници, зеленчук, овошје и протеини со малку масти.
Понеделник
Појадок: Парче интегрален леб, крем сирење, намаз од сардина и јогурт.
Ужина: Мандарина.
Ручек: Бистра супа, пилешки копан со ориз и мешан зеленчук, парче домашен интегрален леб, салата од кисела зелка со црвен пипер.
Ужина: Солени крекери со сусам, лимонада без шеќер.
Вечера: Мала баничка со сирење, кисело млеко.

Вторник
Појадок: Појадокот е ист како во понеделникот, со додаток ајвар.
Ужина: Јаболко.
Ручек: Подварок со чадени свински ребра, парче домашен интегрален леб.
Ужина: Солени крекери со сусам, цеден грејпфрут.
Вечера: Парче интегрaлен леб со домашна пилешка паштета.

Среда
Појадок: Пржено јајце, 2-3 парчиња шунка, лажичка павлака, какао.
Ужина: Киви.
Ручек: Говедска супа, печен карфиол со мелено говедско месо, парче домшен интегрален леб.
Ужина: 2 чајни бисквити за дијабетичари, чај.
Вечера: Парче интегрален леб со ајвар, кисело млеко.

Четврток
Појадок: Парче интегрален леб со ајвар, јогурт.
Ужина: Портокал.
Ручек: Телешка супа, гирици испечени во рерна, карфиол на пареа со печен сусам, парче интегрален леб.
Ужина: 2 чајни бисквити за дијабетичари, чај.
Вечера: Тиквички на скара и варено просо, кисело млеко.

Петок
Појадок: Интегрална кифла со семки, парче младо сирење, ајвар, чај од ѓумбир со мед.
Ужина: Компот од јаболка без шеќер.
Ручек: Телешка супа, динстан бифтек, мал варен компир, парче домшен интегрален леб, салата од кисела зелка.
Ужина: Домашен овошен јогурт (измешајте 100 грама замрзнато или свежо овошје со 200 милилитри јогурт)
Вечера: Ослич со зеленчук.

Сабота
Појадок: Овесна каша со џем за дијабетичари, засладувач и цимет, шолја млеко.
Ужина: Банана.
Ручек: Крем супа од целер со печурки и копар, пилешки крилца на скара, цвекло салата.
Ужина: Една рака лешници.
Вечера: Парче интегрален леб со рибина паштета.

Недела
Појадок: Парче интегрален леб испржен со јајце, кисело млеко.
Ужина: Мандарина.
Ручек: Крем супа од целер со печурки и копар, 200 грама пилешки црн дроб на скара, зеленчук на пареа (моркови, боранија, карфиол), парче интегрален леб, салата од кисела зелка.
Ужина: 100 грама замрзнати или свежи вишни.
Вечера: Салата од наут (леблебија).
