Сивите зимски денови привршуваат, а воздухот се повеќе мириса на пролет. Ова е прекрасен месец за да станете мајка и прилично одличен месец за оние што треба да се родат. Еве што ни кажува науката за бебињата родени во март:
- Брзо ќе напредуваат во кариерата
Бебињата родени во овој месец имаат најголема веројатност за напредок на работа. Истражувањата покажуваат дека повеќето директори на компании се родени во овој месец. Една анкета спроведена меѓу 375 извршни директори откри дека дури 12,5 отсто од нив го слават својот роденден во март.
- Помали се шансите да бидат кратковиди
Студиите спроведени на 300.000 војници покажаа дека децата родени во лето имаат поголем ризик да бидат кратковиди отколку децата родени во летните месеци. Пролетните деца имаат многу помала веројатност да бидат кратковиди.
- Тие се природно оптимисти
Една студија од 2014 година покажа дека бебињата родени во март (и нивните врсници од април и мај) во основа се родени оптимисти. Тие имаат вроден позитивен став кон животот.
- Имаат помал ризик од астма
Прашината и прашинските грини се во изобилство во овој период од годината, што може да биде непријатно за оние кои страдаат од алергија, но одлично за бебињата родени овој месец. Според едно истражување од 2015 година, децата родени во март имаат помали шанси да заболат од астма бидејќи нивната изложеност на прашина во првите месеци од животот го зајакнува нивниот имунолошки систем.
- Веројатно ќе бидат ноќни птици
Едно истражување за спиење покажа дека децата родени во пролет и лето веројатно ќе бидат ноќни птици во зрелоста, но тие дури и нема да сакаат да одат рано во кревет уште како бебиња.
- Оптимистички Риби или страствен Овен
Овие два астролошки знаци се познати по својата одлучност и страст. Бебињата родени меѓу 1 и 20 март се оптимистчни Риби, додека оние родени по 20 март се огнени и страсни Овни.