На 16 мај 2022 година, руски авиони истрелаа ракети врз Одеса. Проектилот го уништил рекреативниот центар и околните куќички во градот Затока, вклучувајќи ја и куќата на семејството на Олександра Паскаљ, шестгодишното девојче кое било затрупано во урнатините. Мајката Марија имала повеќе повреди од шрапнели и делумно го загубила слухот. Девојчето преживеало, но ја загубило ногата. Поминала повеќе од две недели на интензивна нега, имала отворена фрактура на раката, четири скршени ребра, повреда на главата и повеќе рани од шрапнели. За жал, и покрај напорите на лекарите, ногата мораше да и биде ампутирана бидејќи повредите беа претешки, пишува Cenzor.NET.
На левата нога и паднала градежна плоча. Поради ова, лекарите долго време се обидувале, но не можеле да и ја спасат ногата. Малку по малку таа се подобрува, како што велат – времето лечи. Сега е многу вознемирена, плаче дека ја боли ногата. Се плаши од сирени, не спие добро, се буди и вели дека ногата многу ја боли. Сака тишина, мир и никој да не ја допира или вознемирува – рекла мајката на девојчето.
Претходно, Олександра се занимаваше со танцување и гимнастика, учествуваше на натпревари и освојуваше награди. На крајот на јули 2022 година, Марија и Олександра Паскаљ беа на рехабилитација во Австрија. Таму, во октомври, Саша ја добила својата прва протеза и повторно почнала да учи да оди, а лекарите и ставиле игла во раката за да се спојат коските.
Благодарение на хуманитарното собирање средства од вработените во Одделот за финансии на Градскиот совет на Одеса, Саша Паскаљ доби најсовремена бионичка протеза, која беше изработена во медицинскиот центар за протетичко-ортопедска нега „Телус“, земајќи ги во предвид сите потреби на девојчето и давањето на можност да води активен живот – се наведува на веб-страницата на градскиот совет на Одеса. Во моментов малата спортистка е на рехабилитација и се враќа на тренинзите по гимнастика со кои се занимава од својата тригодишна возраст.