44-годишен скопјанец се удавил во Охридско езеро

од Вести365.МК Ј.Р.

44-годишен скопјанец го загуби животот откако отишол да се капе во Охридското Езеро, во близина на Поградец, пренесуваат албанските медиуми.

Од прелиминарното вештачење на телото на починатиот не се констатирани видливи траги на насилство, па сомнежот е дека добил срцев удар.

Истражен тим работи на утврдување на причините за смртта на жителот на Скопје.

Несреќата се случила околу 18:00 часот, во село Удениш, а жртвата е македонски државјанин со иницијали Ј.С. од Скопје.

Слични објави