ОВЕН
Младата Месечина е на полето на партнерства, па доколку денес треба да се посветите на деловните партнери и соработници, сметајте на намалено ниво на енергија. Денеска не започнувајте некои важни приказни со саканата личност, бидејќи постои можност да се скарате.
БИК
Залудно очекувате некој од вашите колеги сам да сфати што треба да се направи. Немате причина да молчите, кажете кои се вашите замерки, олеснете си себеси и на другите. Ова е релевантно и во односот со саканата личност – не треба да молчите и да собирате поплаки во себе.
БЛИЗНАЦИ
Не знаете како ќе се однесуваат со вас. Не знаете ни каде сте отишле или дали воопшто сете отишле. Поголемиот дел од денот само ќе се вртите во круг преправајќи се дека правите нешто. Се чувствувате многу несигурно во присуство на една личност. Се двоумите да се активирате.
РАК
Навистина ви се допаѓаат некои ситуации во деловниот сегмент кои се вртат круг и круг. Не сакате повеќе да чекате никого, па веројатно ќе работите дел од работата што не е ваш. Денес може да има многу стимулативни моменти во врската со саканата личност. Не одете само во насока на расправии.
ЛАВ
И вие денес малку се опоравивте, малку станавте, се чувствувате многу подобро и подготвени сте повторно да бидете „свои“. Некои од вашите планови можат да одат кон реализација бидејќи размислувате на вистински начин. Можеби ќе ве контактира некој со кој долго време сакате да воспоставите посилен контакт.
ДЕВИЦА
Ако воопшто можете, искористете го овој ден за да се одморите (или барем да извршувате некои тешки обврски на работа), бидејќи сигурно сте прилично исцрпени. Ова е совршен ден да направите грешки во документацијата, но и во комуникацијата. Може да кажете и нешто погрешно во врската со саканата личност…
ВАГА
Имате многу работа, еден од соработниците е доста зафатен и постојано ве бомбардира со прашања, барања… Не сте баш спремни да го запознаете, но се преправате дека сте фини (како што е ваш обичај). Прекрасна средба со саканата личност во вечерните часови.
СКОРПИЈА
Па, денешната енергија веќе целосно ви одговара. Имате чувство дека можете се, а многу работи денес се вртат во ваша корист. Вистинскиот момент е да се придвижите повеќе кон некој кој ви е многу интересен. Никогаш не е доцна.
СТРЕЛЕЦ
Успеавте да се погрижите за многу работи во однос на деловните обврски, а јасно ви е дека ќе успеете да го остварите и остатокот од планираното. Многу убав ден за работа. Но, не само во деловниот дел, туку и во емотивниот дел може да биде многу интересно. Нов познаник тропа на врата…
ЈАРЕЦ
Денес е добро време да ги завршите документите, иако навистина нема да ви се допадне. Само внимавајте да не уништите важни документи. Тоа е вистински момент за емотивни врски, особено оние во брак. Можете да му парирате на партнерот со малку труд.
ВОДОЛИЈА
Денеска можете да го завршите сето она што сте го пропуштиле во текот на вчерашниот ден, бидејќи се чувствувате многу поживи, поенергични и повеќе не сте во тоа мрачно расположение. Ќе уживате во комуникацијата со некој кој полека почнува да ви се вовлекува во мислите.
РИБИ
И покрај тоа што вашето расположение не е баш најдобро денес, сепак сте подготвени да бидете поактивни во деловниот сегмент. Можеби не сте целосно фокусирани, но го надополнувате тоа со иницијатива и волја. Денеска можете да решите некое недоразбирање со емотивниот партнер.