16 години затвор за жената која ФРЛИ НОВОРОДЕНЧЕ ВО КОНТЕЈНЕР

од Вести365.МК Ј.Р.

Млада жена од Ново Мексико, која минатата година го фрли своето новороденче во контејнер, вчера е осудена на 16 години затвор. Судот ја осуди Алексис Авила (19) за обид за убиство и злоупотреба на деца.

На 7 јануари 2022 година, минувачите го нашле бебето во контејнер во Хобс, град со околу 40.000 жители. Бебето преживеало. Авила, која тогаш имала 18 години, ѝ рекла на полицијата дека не знаела дека е бремена до ден пред да се породи. –

Знам дека тоа што го направив беше погрешно и единствената личност на која навистина треба да и се извинам е моето дете“, изјавила Авила вчера пред судот, а пренесува NBC News

Слични објави