Во Музејот на современа уметност во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворено 14-то Биенале на млади уметници со наслов „Будења“ („Awakenings“).
-Годинашната тема „Будења“ ги потикнува младите уметници да ги изразат своите размислувања, дилеми, не/сигурност, не/согласувања и амбиции, на прагот пред нивното осамостојување и напуштањето на комфорната зона при соочувањето со личните и општествени промени, посочуваат од МСУ – Скопје.
Куратори на изложбата се Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски.