Порталот „Пари“ ги објави 10-те компании во Македонија кои во 2023 година забележаа најголем раст на добивката. На првото место се наоѓа компанијата Пелагонија-Битола, која има раст од неверојатни 1198% во однос на 2022 година.
Во првите три се и ЕЛ ТЕ инженеринг кој има добивка од 2,9 милиони евра во 2023 година, или за 1050% за разлика од 2022 година, додека на третото место е Протергиа енерџи Скопје со 960% раст во 2023 година.
„Централ Инвест“ на бизнисменот Кочо Анѓушев е за изградба на централи од обновливи извори на енергија и за трговија со електрична енергија. Компанијата лани направила профит од 3,3 милиони евра, а тоа е раст од 529% во однос на 2022 година.
Во првите 10 има по една компанија од Тетово и Струмица, две се од Битола, а пет се од Скопје, а тука е и државната ЕВН Македонија.
Податоците покажуваат дека сите овие компании, освен ЕВН Македонија, во 2022 не биле во рангираните 100 најголеми по добивка, но во 2023 година се дел од таа листа.
