Ќе се уриваат дивоградбите ако се утврди дека се опасни по животот на граѓаните, вели Тошковски

од Вести365.МК Ј.Р.

Доколку се утврди дека се опасни за животот на граѓаните, тогаш ќе се постапува по закон и ќе се уриваат дивоградбите, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој беше прашан што ќе се прави со дивоградбите во Чаир, но и во другите општини во земјата, доколку се утврди дека се незаконски изградени.

„Секако дека ќе се постапи по закон. Доколку се утврди дека станува збор за дивоградба, доколку се утврди дека истата претставува опасност по животот на граѓаните секако дека треба да биде предмет на уривање“ рече министерот Тошковски.

Тој рече дека полициски службеници вчера влегле во општините Чаир, Сарај и Аеродром, а се очекува тоа да го сторат денеска и во општина Кисела Вода.

Слични објави