Ќе видиме ли и такво чудо, ВОЗ ОД СКОПСКИ ДО ОХРИДСКИ АЕРОДРОМ

Заради регионално поголема железничка поврзаност на државата се размислува на поврзување на коридорите Xd и VIII. Имено, од железничката станица „Бакарно Гумно“ која се наоѓа меѓу Прилеп и Битола, во овој момент има индустриски колосек до Сопотница, во правец на Демир Хисар, истакна во интервју за порталот Локално директорот на ЈП „Македонски железници – Инфраструктура“, Хари Локвенец, кој додаде дека со овој проект се планира и поврзување на Охрид и охридскиот Аеродром.

Според него преостанува уште мал дел кој би требало да се изгради за поврзување со Коридорот VIII, на потегот меѓу Кичево и Требеништа.

– И последно, но не и поважност, е поврзувањето на скопскиот Аеродром.  Проектираната динамика за завршување на источното крило на Коридорот XIII, координирана со нашите бугарски колеги, е крајот на 2027 година. Додека западното крило кон Република Албанија би требало да биде завршено до крајот на оваа деценија, истакна Локвенец.

Слични објави