Јулија Свириденко е новата премиерка на Украина

од Вести365.МК Ј.Р.

Поранешната вицепремиерка Јулија Свириденко денес беше избрана за нова премиерка на Украина, објави Укринформ.

За нејзиното назначување гласаа 262 од 450 членови на Врховната рада.

Таа ќе го замени Денис Шмихаљ, кој ја извршуваше функцијата пет години, што е најдолг мандат во историјата на земјата.

Слични објави