Јанакиески однесен во „Идризово“: Не се чувствувам безбедно, но ќе се издржи

од Вести365.МК Ј.Р.

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, правосилно осуден за „Титаник“, е однесен во затворот „Идризово“. Тој за „Макфакс“ посочи дека не се чувствува безбедно, а имајќи предвид што се случувало претходно. Јанакиески со торби влезе во полициското возило, кое дојде да го спроведе.

„Земајќи предвид што ми се случи претходно – не, но сè ќе се издржи. Важно е фамилијата да биде здрава и жива“, рече Јанакиески за „Макфакс“.

Со оглед дека рече оти не се чувствува безбедно, а во истражниот затвор „Скопје“ пред четири години беше нападнат од лица поврзани со случајот „Диво Насеље“, тој не сакаше да одговори дали се плаши од ликвидација.

Целиот текст и видеото можете да ги погледнете тука.

Слични објави