Синдикалниот лидер Јаким Неделков го демантира постот на министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска дека платите на воспитувачките и негувателките во градинките се 36.000, односно 27.500 денари.
„Министерката Тренчевска барем да кажеше дека сегашните плати на воспитувачите и негователите ги кажува во бруто износ. Или ако се во нето, барем да ги кажеше вистинските износи. Или ако не беше сигурна, требаше да праша некого во градинката каде што беше, ќе и кажеа.
За волја на вистината, воспитувач со високо образование има 30.697, со вишо 28.317, а негувател 23.718 денари нето плата. На што се должи оваа лажна информација на министерката, може само да претпоставуваме или таа да ни објасни?!“, реагира претседателот на СОНК.
Претходно министерката Тренчевска објави статус дека платите во градинките
Советот на СОНК претходно на седница донесе заклучок дека Општиот колективен договор за јавниот сектор е неприфатлив за нивните членови, особено од дејноста образование