Ѓоковиќ специјален гостин на Ибрахимовиќ на “Сан Сиро” !

Светскиот рекет број 1,Новак Ѓоковиќ во повеќе наврати има изјавено дека омилена екипа му е Милан и дека е голем фан на „росонерите“, а вечерва ја имаше честа да биде дел од спектаклот кој го приредија градските ривали екипите на Милан и Интер.

Популарниот Ноле беше една од ВИП фаците кои вечерва ја следеа пресметката на „Сан Сиро“, но слободно можеме да констатираме дека светскиот рекет број еден и не му донесе многу среќа на својот омилен тим од Милано.

Србинот привлече големо внимание со своето присуство и доби посебен третман како фан на Милан, па имаше можност натпреварот да го проследи со легендата на Милан,Андреј Шевченко, а во друштво со својот долгогодишен добар пријател Златан Ибрахимовиќ, кој се покажа како одличен домаќин.

Ноле секако беше во Италија и немаше потешкотии да пристигне во Милано, бидејќи оваа недела ќе биде дел од турнирот кој се игра во Рим.

Слични објави