Што не чека во маркетите од денеска?! Завршија замрзнатите маржи

од Вести365.МК Ј.Р.

Вчера заврши мерката за замрзнати маржи на некои производи. Додека дистрибутерите фактурираат производи со дури над 50 проценти повискои цени, а граѓаните стравуваат од експлозија на цените, власта смирува и убедува дека доколку има екстремно зголемување на цените, ќе превземе соодветни мерки како би го заштитила стандардот на граѓаните.

Од 1 мај, купувачите ќе ја имаат главната улога. Секој ден, цените на основните производи ќе зависат од слободниот пазар. Но засега, одговорните компании испраќаат мирни сигнали. Маслото, брашното, шеќерот и квасецот остануваат на стара цена.“

Велешки „Кристал“ потврди дека нема да го поскапи маслото за јадење. Цените на шеќерот и брашното исто така остануваат исти, велат големите увозници. Од битолската квасара уверуваат, цената на квасецот не се менува. А поради најавената добра жетва, се очекува и дополнително поевтинување на лебот и белите пекарски производи. Од Министерството за економија и труд велат дека ќе ги анализираат конечните податоци за ефектите од мерката, па потоа ќе решат дали ќе продолжи. Клучен ќе биде извештајот за инфлацијата за април, кој се очекува следната недела.

Иако мерката беше активна, граѓаните се жалеа дека цените и натаму се високи.

Слични објави