ЦЕМИ: До 11 часот гласале 16,3 отсто од избирачите во Црна Гора

од Вести365.МК Ј.Р.

На вонредните парламентарни избори во Црна Гора до 11 часот гласале 16,3 отсто од избирачите, соопшти Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ).

Според податоците на таа невладина организација, во северниот дел на Црна Гора до 11 часот гласале 15,9 отсто, во централниот дел 17,2 отсто, а во јужниот 14,8 отсто.

Излезноста на парламентарните избори во 2020 година во истиот период беше 35,4 отсто, а во 2016 година 20,7 отсто.

Во првиот круг од претседателските избори во мај до 11 часот на гласање излегле 20,1 отсто од гласачите.

Право на глас на изборите имаат 542.468 граѓани, а гласачките места се отворени до 20 часот.

Слични објави