Додека низ цела Франција има дури и насилни протести за пензиската реформа, Макрон не попушта. „Можеби е грешка што не бев доволно присутен за да покажам доследност. Морам повторно да се вклучам во јавната дебата бидејќи има работи што не се јасни“, рече Макрон.
Спорна точка на реформата е пензионирањето на 64, наместо на 62 години.
Протестите против реформата почнаа во јануари, а продолжија и покрај одлуката на Уставниот совет дека законот е валиден.