Четирите хрватски парови и нивните четири посвоени деца од ДР Конго се враќаат во Хрватска на слобода по шест месеци престој во Замбија, пренесува Дневник.хр.
Во четвртокот, судот во Замбија го отфрли случајот во кој посвоителите беа обвинети за обид за трговија со деца.
Амбасадорот во Египет, Томислав Бошњак, за ХТВ изјави дека Хрватите ги презеле нивните деца. Се уште не се знае кога ќе заминат за Хрватска бидејќи нема многу меѓународни летови од Ндола.