Холандскиот амбасадор во Македонија, Дирк Јан Коп се приклучи на ставот на Европската комисија за измените во Кривичниот законик и загриженоста од нивното „забрзано“ усвојување со што се намалуваат максималните законски казни, а ќе има и импликации врз примената на застареноста, како и влијание на голем број случаи на корупција на високо ниво, холандскиот амбасадор во Скопје се приклучи „загриженоста“.
– Амбасадата на Холандија многу сериозно ги следи последните случува во однос на измените на Кривичниот законик и целосно се согласува со изјавата што ја објави ЕУ – вели холандскиот амбасадор Јан Коп во кусата изјава за „Слободен печат“.
Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро веќе изјави дека во Комисијата изразуваат жалење поради недостатокот на сеопфатни консултации на домашните чинители со Брисел пред нивното усвојување, како и за употребата на европско знаменце која според ЕУ, треба да биде конзистентна и јасно поврзана со законите кои првенствено имаат за цел усогласување на националното право со европското законодавство.
– Северна Македонија се обврза да го промовира владеењето на правото и да се бори против неказнивоста и затоа санкциите за корупциски активности мора да бидат ефективни, пропорционални и разубедувачки – вели Писонеро.