Не, не, ВМРО не е против САД и Коридорот 8, кога пријавува корупција и други коруптивни и криминални скандали. Дури баш и ми се допаѓа кога пријавува корупциски скандали. Дај боже, што повеќе да имаме вакви ВМРО кое ќе ги пријавува коруптивните афери кај Албанците во власта, вели Фејзи Хајдари, издавач на весникот Лајм.
Тој посочува дека според ДУИ, ВМРО е добро само кога е во влада со ДУИ и заедно делат бизниси и се потсмеваат.
– Точно три мандати ДУИ беше на власт со ВМРО кога се случија монтираните случаи МОНСТРУМ, АЛФА, тепање на ученици Албанци, Радишани, Палење дуќани и куќи на Албанци во Ѓорче Петров, Енциклопедија и учебници навредливи за Албанците… Добро ли беше тогаш ВМРО? Ја споделувавте ли „шегата“ со оваа партија? Мијалков го нарековте татко… И сега ВМРО е против САД, ЕУ и Коридорот 8? Не бе? На кого продавате прдежи? – пишува тој.
– Дај боже ВМРО до крај ги пријавува сите коруптивни афери и криминал меѓу владините функционери, макар тоа да е само кај Албанците, јас ќе го поддржувам до крај, истакна Хајдари.
Посочува дека според апсурдната логика на ДУИ, ВМРО е добро кога крадат заедно, а не е добро кога ги пријавува корупциските скандали на ДУИ?
– Тука ми се чини дека нешто не оди логички, рече Хајдари.