Во колумна за „Призма“, поранешниот евроамбасадор Ерван Фуере ги коментираше моменталните случувањата околу Грција и Македонија.
Ја коментираше инаугурацијата на претседателката Гордана Силјановска – Давкова, и жестоките критики кои доаѓаат од Грција на сметка на новата власт.
Фуере кажа дека се критикува Силјановска-Давкова што не го почитува Договорот од Преспа, но дека никој не ја критикува Грција за тоа што доцни со исполнување на обврските од Догороворот.
„Многу од овие обврски, од кои некои се исклучително чувствителни, како што е промената на Уставот и личните документи, за да се интегрира новото име на државата, веќе се спроведени од владата во заминување.
Во меѓувреме, грчката влада допрва треба да ги исполни своите обврски од Договорот, односно да ги ратификува трите протоколи, кои сѐ уште не се усвоени во грчкиот парламент.
Сепак, мора да се напомене дека во сите изјави со кои се критикува новата претседателка, не се споменуваше доцнењето на Грција во исполнувањето на сопствените обврски.
Ова е уште еден несреќен пример за двојните стандарди на Европската Унија и нејзините земји-членки, кои забораваат дека токму ветото на Франција во 2019 година го спречи официјалното отворање на пристапните преговори со ЕУ таа година, и покрај посветеноста содржана во Преспанскиот договор“, стои во колумната