Фрчкоски повеќе не е амбасадор, поднесе оставка откако беше повикан на консултации за злоупотреба на пари

Љубомир Фрчкоски поднесе оставка на местото амбасадор и постојан претставник на Македонија во ОН во Њујорк, јавува Либертас.

Оставката Фрчкоски ја поднел на претседателката Гордана Силјановска – Давкова и за тоа го известил МНР.

Професорот Фрчкоски очекува оставката да биде усвоена и да биде разрешен од функцијата со Указ на Претседателката , како што и е назначен.

На прашањето дали тоа и како ќе се одрази на работата на Мисијата на РСМ во Њујорк Фрчкоски одговора:

“Не мислам дека на било каков начин тоа ќе се одрази на функционирањето во техничка смисла на Мисијата која и до сега работела само бирократско-технички. Но има, за жал, шанса да се направи голема штета и срам за државата во една конкретна смисла и по повод еден конкретен случај“, вели Фрчкоски.

Фрчкоски беше повикан на консултации во МВР поради индиции за финансиски злоупотреби, но тој извадил боледување наместо да оди во консултации, соопшти министерот Тимчо Муцунски

„Тоа не значи дека постапката се одоговлекува. Таму имаме сериозни индиции за финансиски злоупотреби на буџетски средства кои се на МНР и факт е дека ние во моментов спроведуваме ревизија на работењето на Постојаната мисија во Њујорк. Јас му посакувам побрзо оздравување, како и на секој човек што го познава, но тоа не значи дека не следува процес на утврдување на одговорност за сериозни тенденции што ги имаме за злоупотреба на финансиски средства од страна на Мисијата, во времето додека ја раководи амбасадорот Фрчкоски“, подвлече Муцунски за дневникот на Сител.

Слични објави