Словачкиот премиер ги отфрли заканите на Каја Калас дека одењето во Москва на 9-ти мај за Денот на победата нема да биде добро прифатено.
Роберт Фицо рече дека ќе оди и дека никој не може да му диктира каде смее да патува. „Дали предупредувањето на госпоѓа Калас е облик на уцена или сигнал дека ќе бидам казнет по враќањето од Москва? Не знам. Ама знам дека е 2025-та а не 1939 година“, порача Фицо.
Додал дека ваквото предупредување потсетува дека во рамките на ЕУ е потребна расправа за суштината на демократијата, за она што се случи на изборите во Романија и Франција и за Обоените револуции кои Запад ги организираше во Србија и Грузија.