Филипче: Секогаш кога Мицкоски ќе се најде во ситуација да не може да најде решение за проблем, некој друг му е крив

од Вести365.МК Ј.Р.

Секогаш кога премиерот ќе се најде во ситуација да не може да изменаџира и да не може да најде решение за проблемот, се некој друг му е крив. Изминативе 15 месеци прво имаше следење од дронови, обиди за дестабилизација, хибридни напади, сега нешто организирано се случува од разни странски центри на моќта. Мислам дека ниту еден премиерот досега не се осмелил вака да ја злоупотребува ситуацијата во однос на бзбедносната сфера на земјата. Од Владата не видовме предлог-решение на проблемите, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче за ситуацијата по пожарот во Трубарево и пораките на премиерот Христијан Мицкоски.

Слични објави