Филипче: Само СДСМ може да го порази ВМРО и никој друг!

Точно е дека СДСМ е исправена пред голем предизвик, но ние сме биле и порано во слични ситуации од кои сме се враќале посилни. Тоа ќе се случи и сега, а оние кои се надеваат на распад на партијата, ќе бидат разочарани, вели во интервјуто пратеникот и лидер на СДСМ, Венко Филипче во интервју за Фокус.

Ако ги погледнете резултатите, од локалните до парламентарните избори, Левица речиси да нема никаков раст во гласовите, а СДСМ има значителен пад. Тоа значи дека СДСМ воопшто не ги губи гласовите од Левица и не ги сметам за закана.

Според политиките што ги застапува и начинот на дејствување, сметам дека Левица воопшто нема капацитет да го преземат приматот во опозицијата. Нивната стратешка определба нема поддршка од нашите гласачи.

Едно треба да биде јасно во однос на сите дилеми околу тоа дали СДСМ ќе се врати. Само СДСМ може да го порази ВМРО-ДПМНЕ и никој друг. Точно е дека СДСМ е исправена пред голем предизвик, но ние сме биле и порано во слични ситуации од кои сме се враќале посилни.

Тоа ќе се случи и сега, а оние кои се надеваат на распад на партијата, ќе бидат разочарани. Сигурен сум дека стабилно и во континуитет ќе ја враќаме довербата кај членството и граѓаните, рече Филипче.

Слични објави